Достапни линкови

Се очекува Норвешка на изборите да „сврти“ кон десно


Денеска во Норвешка се одржуваат парламентарни избори чиј исход се очекува да резултира со нова централно-десничарска влада.
Премиерот Јенс Столтенберг се надева на трет мандат, но според анкетите, неговата Лабуристичка партија и коалиционите партнери нама да освојат доволно гласови за да формираат влада. Неговата централно-левичарска алијанса се соочува со критики, пред се, поради економските политики и масакрот што го направи Андерс Брејвик во 2011 година кога уби 77 луѓе, претежно подржувачи на лабуристите.
Се очекува нов премиер да биде Ерна Солберг од Конзервативната партија. Нејзината победа би можела да ја отвори вратата и за учество во власта на Прогресивната партија која се залага за анти - имиграциски закони.
XS
SM
MD
LG