Достапни линкови

Нимиц денеска во Атина на средба со Венизелос


Медијаторот на ОН Метју Нимиц денеска во Атина ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос.
Според локалните медиуми во Македонија и Грција, медијаторот не доаѓал со нов предлог за решавање на прашањето за името, туку со последниот предлог од април годинава.
Грчкиот премиер Андонис Самарас изминатиот викенд во својот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун рече дека „Грција нема да преговара за историскиот идентитет на грчка Македонија“.
XS
SM
MD
LG