Достапни линкови

Косово и Србија се договорија за телекомуникациите


Премиерите на Косово и Србија во Брисел постигнаа договор за телекомуникациите и енергетиката. Деталите околу овие две прашања беа договорени доцна вчеравечер меѓу премиерот на косово Хашим Тачи и неговиот српски колега Ивица Дачиќ со посредство на шефицата на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон. Согласно договорот, меѓународниот телефонски код за Косово најверојатно ќе биде +383 со тоа што Србија го задржува правото да има свои оператори на косовска територија.
XS
SM
MD
LG