Достапни линкови

Организатори: Анти-геј законите нема да бидат проблем во Сочи


Шефот на организацијата на олимписките игри во Сочи повторно уверува дека рускиот закон со кој се спречува хомиосексуална пропаганда нема да важи за учесниците и посетителите на зимските олимписки игри во 2014 година. Димитриј Чернишенко ја даде изјавата на состанокот на Меѓународниот олимписки комитет во неделата во Буенос Аирес. Тој појасни дека со законот не се предвидува експлицитна забрана на хомосексуалноста, додавајки дека спортистите нема да сносат последици од легислативата.
XS
SM
MD
LG