Достапни линкови

„Арт поинт – Гумно“ - 10 години регрутирање културни амбасадори


Постер за културната манифестација „Арт поинт – Гумно“.
Постер за културната манифестација „Арт поинт – Гумно“.

Во Слоештица се одбележува 10-годишнината од делувањето на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – Гумно“, чија заложба е да регрутира културни амбасадори за Република Македонија.

Помина цела една декада откако германскиот уметник Хубертус Хес ја создаде и потем ја исправи скулптурата „Ангелот чувар“ на креативното гумно во селото Слоештица, Демирхисарско. Со тоа речито започна делувањето и опстојот на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – Гумно“, чија заложба беше низ чинот на креација и дружба да го слави убавото, хуманото. Од тоа лето 2003 до денес, во домот на семејството Андреевски и во Центарот престојуваа и инспирирани од крајоликот твореа повеќе од 40 афирмирани светски уметници кои през годиниве израснаа и во самосвојни културни амбасадори на Република Македонија.
„Отсекогаш сум ги сакал тие идеи за културни собирања, тие духовни разменувања. И затоа често гостувам и љубам да одам на места каде што не сум бил дотогаш. Во Македонија има безброј колонии, меѓутоа нема тип на резиденција како што е нашата бидејќи кај нас доаѓа мала група и можат да престојуваат подолго што значи дека можат длабоко да навлезат прво во суштината на создавањето и потем во запознавањето на нашата земја.
Сергеј Андреевски, сликар.

„Отсекогаш сум ги сакал тие идеи за културни собирања, тие духовни разменувања. И затоа често гостувам и љубам да одам на места каде што не сум бил дотогаш. Во Македонија има безброј колонии, меѓутоа нема тип на резиденција како што е нашата бидејќи кај нас доаѓа мала група и можат да престојуваат подолго што значи дека можат длабоко да навлезат прво во суштината на создавањето и потем во запознавањето на нашата земја. Нашето семејство, мојата сопруга и јас отсекогаш сме верувале дека вистинската Македонија е токму во планините, во нашите села, меѓу обичниот народ каде што има останато уште малку од таа наша традиција“, вели сликарот Сергеј Андреевски, кој заедно со својата животна сопатничка
Американскиот фотограф Ероу Рос.
Американскиот фотограф Ероу Рос.
Ирена, се повеќе од љубезни домаќини на сите оние творци што со прашалници пристигнуваат на „Арт поинт – Гумно“ и потем заминуваат со незгаслива потреба повторно да се вратат назад.

Од друга страна, она што е најбитно е што ексклузивитет на „Арт поинт – Гумно“ е оригиналниот творечки печат на секој од уметниците кои твореле во
Нашата идеја беше и се уште è не да се поканат многу уметници, туку да се поканат посебни. Сите што имаат особен ракопис, белег, нешто посебно во творештвото. Значи се личности.
Сергеј Андреевски, сликар.
Слоештица. Така низ селото поминале Нажет Гериси - првата жена скулптор во историјата на Тунис, Пауло Гајад од Бразил, наречен Маркес во сликарството на Јужна Америка, Елизабет Рос - една од најексцентричните уметници на Мексико, Американецот Ероу Рос - фотограф, светски патник и пионер на Хипи движењето, Стано Бубан – интуитивен сликар кој годинава беше номиниран за наградата за портрет во Лондон, тројката од Вилмингтон – Тол, Тастин и Робертс, основачи на единствената Интернационална
Ева Мајер, сликарка од Словачка.
Ева Мајер, сликарка од Словачка.
ликовна колонија „Без граници“ во САД...и се така со ред, завршувајќи со најмладата Ева Мајер – добитничка на повеќе награди и национална стипендија за докторски студии на Академијата во Будимпешта.

Сите тие оставиле дел од сопствениот творечки ракопис во Центарот, а говорејќи за собраните дела Андреевски дополнува дека тие единствени имаат мала галерија на село на овие наши простори каде што секогаш има поставка од уметниците.

„Нашата идеја беше и се уште è не да се поканат многу уметници, туку да се поканат посебни. Сите што имаат особен ракопис, белег, нешто посебно во творештвото. Значи се личности. “

Инаку, во пресрет на јубилејот, во скопската Галерија 8, беше отворена изложба на слики настанати на колонијата насловена како „Моето македонско патешествие“ на Американецот Дик Робертс, голем пријател и вљубеник во нашата земја. Згора на тоа десеттина уметници од Велика Британија, Германија, Данска, САД, Словачка и од Република Чешка, во изминатиот период твореа на тема „Модрата планина“,а нивните креации беа изложени за празникот – 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG