Достапни линкови

САД може да се обрати кај ОН за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека не е исклучена можноста Соединетите американски држави да се обратат кај Советот за безбедност при Обединетите нации за резолуција за Сирија, откако инспекторите на ОН ќе завршат со инспекцијата за наводниот напад со хемиско оружје против бунтовниците во близна на Дамаск. Кери на прес конференција во Париз додаде дека американскиот претседател Барак Обама за сега нема донесено конечна одлука за американска воена интервенција во конфликтната земја. Претходно, државниот секретар изјави дека Соединетите американски држави и Франција сметаат дека расте меѓународната подршка за иницијативата за воена интервенција во Сирија.
XS
SM
MD
LG