Достапни линкови

Пакистанскиот претседател отстапи од функцијата


Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари отстапи од лидерската функција по завршувањето на неговиот петгодишен мандат. Тој сега е првиот шеф на државата кој има отслужено комплетен мандат. Претходните претседатели на Пакистан беа отстранувани од лидерската функција, протерувани апсени а некој дури и погубувани. Еден од советниците на сега поранешниот претседател изјави дека комплетирањето на цел мандат демонстрира дека Пакистан прераснува во демократска држава.
XS
SM
MD
LG