Достапни линкови

logo-print

Ахмети: Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за Албанците


Потребен е компромис за решение на името, Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за нас, Албанците, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, пренесуваат македонските медиуми. “Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку има одговорност и Муса Џафери како вицепремиер или јас како претседател на најголемата парија што ги претставува Албанците во земјата“, вели Ахмети за грчкиот весник. „Верувам дека целиот политички врв во ФИРОМ знае дека имаме само 2 патишта. Изолација и интеграција. И јас сметам дека треба да го одбереме патот на интеграција а не на изолација, бидејќи изолацијата ќе не одведе до сиромаштија, разочараност, конфликти, регионални или меѓуетнички“, додава Ахмети.
XS
SM
MD
LG