Достапни линкови

Одобрен опозициски митинг во Москва во понеделник


Московските гратски власти дозволија одржување на митинг на подржувачите на опозицискиот кандидат за градоначалник Алексеј Навални во понеделник. Настанот ќе се одржи на плоштадот Болотнаја, локација каде се организираа анти/владини протести во 2011 и 2012 година. Гратските власти го ограничија бројот на присутни на 2.500 лица и потврдија дека добиле барања за митингзи и од други политички партии. Барањето е одобрено во текот на гласањето за локалните избори во земјата. Жителите на Русија денеска гласаат во 33 провинции за осуммина гувернери, членови на 16 регионални собранија и градоначалници на 11 регионални главни градови. Според предизборните прогнози, кандидатите блиски со Кремљ ќе добијат мнозинство гласови. Најжестоките борби се водат во Москва, по остра предизборна кампања. Опозиционерите се надеваат на победа во Москва откако власта му дозволи на Навални да учествува на изборите покрај обвинувањата за затајување данок.
XS
SM
MD
LG