Достапни линкови

logo-print

Станишев: Демонстрантите во Софија добија нови лица


Антивладините протести во Софија добија нови лица и тоа во ликовите на лидерите на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија, Бојко Борисов и Цветан Цветанов, изјави лидерот на владејачката Бугарска социјалистичка партија Сергеј Станишев. Toj ги повика демонстрантите кои спонтано излегоа на улица на протести против Владата, да се запрашаат на кого му служат. Според Станишев, опстојувањето на сегашата Влада ќе зависи од квалитетот на работата на нејзините министри и на Кабинетот во целина.
XS
SM
MD
LG