Достапни линкови

Контра мерки за косовското ембарго - пропусници на граница?


Владата ќе превземе контра мерки доколку Косово не ја укине забраната за увоз на македонски производи во земјата, јавуваат македонските медиуми. Според извештаите, доколку Косово не прекине со ембаргото за македонските извозни производи во рок од 24 часа, Македонија ќе воведе такса за секој автомобил кој ја преминува границата од Косово кон Македонија во износ од 5 евра. Дополнително, според медиумите, секој патник ќе мора да плаќа по 2 евра за влез во државата. Таксата за камионите и автобусите од Косово кон Македонија ќе биде 10 евра, известуваат јавните гласила повикувајки се на неофицијални информации.
XS
SM
MD
LG