Достапни линкови

Протести во Солун против "работна резерва"


Неколку илјади вработени во органите на локалните власти, полицајци и училишни чувари се собраа денеска во Солун на протест против плановите на грчката Влада за префрлање до крајот на годината на околу 25.000 државни службеници во т.н. „работна резерва“, од каде ќе бидат прераспределени на нови работни места во државниот сектор или ќе бидат отпуштени од работа. Како што јави ИТАР-ТАСС, митингот започна во време кога грчкиот премиер Андонис Самарас се обраќаше на отворањето на овогодишниот Меѓународен саем во Солун, при што најави дека шестте години рецесија на Грција ќе завршат следната година и оти економијата на земјата ќе започне раст.
XS
SM
MD
LG