Достапни линкови

logo-print

Можна ревизија на прогнозите за раст на турската економија


Turkey -- A man waves his national flag on Taksim square in Istanbul, 09Jun2013

Turkey -- A man waves his national flag on Taksim square in Istanbul, 09Jun2013

Турција би можела да ги ревидира прогнозите за својот економски раст за идната година од сегашните пет на четири проценти, поради очекуваното ограничување на програмата за стимулирање на растот на американската економија, тензиите на Блискиот Исток и ризикот од поскапување на нафтата, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет Дејли Њуз“. Минатата година турската економија забележа раст од 2,2 проценти, што беше многу под нивото на раст во претходните години. За 2013 година турската Влада предвидуваше раст на бруто домашниот производ од четири отсто, а за до година од дури пет проценти.
XS
SM
MD
LG