Достапни линкови

ОН ќе релоцира камп за бегалци во Ирак


Обединетите нации и властите во Ирак се подготвуваат за релокација на десетици ирански бегалци од камп каде 52 лица беа убиени минатата недела. Канцеларијата на Обединетите нации во Багдад соопшти дека бегалците од кампот ќе бидат пренесени во североисточниот дел на Ирак во околината на Багдад. Станува збор за припадници на групата Муџахедин-е-Калик, организација која е прогласена за илегална во Исламската република.
XS
SM
MD
LG