Достапни линкови

Најавена нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина


Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе се сретнат утре во Брисел во рамките на 16-та рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина. Танјуг повикувајќи се на неофицијални извори јави дека во состав на српскиот преговарачки тим најверојатно ќе биде првиот вице-премиер Александар Вучиќ, иако засега од седиштето на ЕУ нема официјална потврда за ваквата информација. Брисел очекува во рамките на оваа рунда од дијалогот што повторно ќе се одржи со посредништво на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, да биде постигнат договор околку прашањата поврзани со електричната енргија и телекомуникациите.
XS
SM
MD
LG