Достапни линкови

Самарас најави економска обнова на Грција


Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека шестте години рецесија, кои ја турнаа Грција во најдлабоката криза во изминатите децении, ќе завршат следната година и оти економијата на земјата ќе почне да се обновува, за во 2020 година да достигне пивисоко ниво на напредок. Отворајќи го годишниот Меѓународен саем во Солун, Самарас рече дека се вложени големи напори за извлекување на Грција од кризата. Тој додаде дека може да се очекува уште оваа година годишните приходи да бидат повисоки од трошоците, без да се смета справувањето со државниот долг.
XS
SM
MD
LG