Достапни линкови

Расте бројот на баратели на азил од Македонија во Германија


Во август годинава се зголемил бројот на баратели на азил од Македонија во Германија. Македонските државјани се на четврто место на листата на странци кои бараат азил во земјата, пренесува Дојче веле. Според информацијата од Сојузното германско МВР, во текот на август 698 македонски државјани побарале азил што е за 225 лица повеќе од јули. Со тоа Македонија се најде на четвртото место во групата од десет држави која во август ја предводи Србија со 1.170 баратели. Потоа следуваат лицата по потекло од Руската Федерација, па Сирија.
XS
SM
MD
LG