Достапни линкови

logo-print

Орден „8 Септември“ за претседателот на Полска Коморовски


Во пресрет на официјалната посета на претседателот на Република Полска Бронислав Коморовски на Република Македонија на 10 и 11 септември, македонскиот претседател Ѓорге Иванов донесе указ со кој го одлукува неговиот полски колега со Орден „8 Септември“. Орденот му се доделува на претседателот Коморовски за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу двете земји, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија, соопшти кабинетот на Иванов.
XS
SM
MD
LG