Достапни линкови

Стејт департментот е против регрутирање борци за во Сирија


Американскиот Стејт департмент строго го осуди упатувањето на борци од Балканот во Сирија, пред се нивното регрутирање на верска основа и приклучувањето кон бунтовничките сили, кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Портпаролката на Стејт департментот Мери Харф изјави дека оваа пракса е длабоко загрижувачка, не само за балканските земји туку и за другите региони од каде доброволци се регрутираат за борба во Сирија. “Имаме постојан и конструктивен дијалог со низа држави околу овие причини за загриженост, вклучително во балканскиот регион. Општо земено, остануваме длабоко загрижени од верски мотивираното насилство од било кој вид во Сирија, независно од која страна доаѓа и од каде доаѓаат борците” рече Харф.
XS
SM
MD
LG