Достапни линкови

Нови протести во Египет


Илјадници поддржувачи на соборениот египетски претседател Мухамад Морси протестираа денеска во повеќе градови против воената влада во земјата. Исламистичкиот претседател кој на 3 јули беше отстранет од власт се наоѓа во затвор на непозната локација и се соочува со обвинувања за иницирање убиства на демонстранти во минатата година. Денешните протести беа организирани од Муслиманското братство. Голем број видни членови на оваа организација исто така се наоѓаат во затвор.
XS
SM
MD
LG