Достапни линкови

Холандија одговорна за смртта на тројца муслимани во Сребреница


По денешната пресуда на Холандскиот врховен суд

По денешната пресуда на Холандскиот врховен суд

Холандскиот врховен суд денеска пресуди дека Холандија може да се смета за одговорна за смртта на тројца муслимани во Сребреница во 1995 година. Со оваа пресуда е потврдена претходната одлука на Апелациониот суд, кој пред две години оцени дека Холандија е одговорна за смртта на тројца муслимани по падот на Сребреница и нареди властите на земјата да исплатат отштета на нивните семејства. Апелациониот суд реши дека Холандија е виновна за смртта на овие луѓе бидејќи холандскиот контингент на ОН не смеел да ги предаде на силите на босанските Срби.
XS
SM
MD
LG