Достапни линкови

Кежаровски колатерална штета во Ликвидација


Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски 25 јули 2013.

Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски 25 јули 2013.

Ова е судење на правосудството, а не на обвинетите, а новинарот Томислав Кежаровски е колатерална штета, изјави адвокатот Јован Јоанидис. Судскиот процес е одложен за 30 септември.

„Верувам дека не им е лесно на судиите затоа што ова е судење на правосудството, а не на обвинетите, а новинарот Томислав Кежаровски е колатерална штета“, изјави денеска адвокатот Јован Јоанидис кој што застапува еден од обвинетите во случајот Ликвидација.
Верувам дека не им е лесно на судиите затоа што ова е судење на правосудството, а не на обвинетите, а новинарот Томислав Кежаровски е колатерална штета.

Денеска по сослушувањето на сведоците на одбраната и прегледувањето на дел од видео материјалите од следењето на обвинетите и транскриптите од нивните прислушкувани разговори судскиот процес е одложен за 30 септември.

Одбраната поднесе приговори за прибавените видео и аудио докази за кои сметаат дека се неквалитетни. Обвинетите биле следени и прислушкувани во различни периоди од 2008 до 2010 година, вели адвокатот Јоанидис. Тој смета дека предистражните мерки се незаконско прибавени.
Таа манливост треба да се отклони затоа што предвидува дека предлог за укинување или замена со домашен притвор може да го даде само јавен обвинител или судот по службена должност. Обвинетиот кој што е најзасегнат или бранителите по закон немаат право да дадат предлог за укинување на мерка притвор туку даваат иницијатива, па ако сака јавниот обвинител да се произнесе ќе се произнесе, ако не исто како да не е поднесен.

„Во однос на прво обвинетиот, судијата во Велес Илија Танев, кого јас не го бранам, за дело примање поткуп сторено наводно во 2008-ма година, предистражната мерка е извршена во 2009-та година. Според законот за кривично дело примање поткуп од 2008 не е дозволено преземање на предистражна мерка односно обезбедување на доказ преку таа мерка.“

Во случајот Ликвидација на обвинителна клупа се седнати судии, обвинители, адвокати и новинарот Томислав Кежаровски. На осумте обвинети заеднички именител им е случајот „Ореше“, а дополнително вмешаност има и случајот „ Франкфурска мафија.“ Тие се обвинети за кривични дела како примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластувања, неовластено одавање информации и податоци за сведоците, противзаконско посредување и недозволено држење и тргување со оружје. Обвинетите се веќе 4 месеци во притвор. Семејствата на обвинетите неколку пати до сега бараа тие да може да се бранат од слобода или притворот да биде заменет со куќен притвор.

Јоанидис вели дека во овој контекст законот за кривична постапка има мана.

„Таа манливост треба да се отклони затоа што предвидува дека предлог за укинување или замена со домашен притвор може да го даде само јавен обвинител или судот по службена должност. Обвинетиот кој што е најзасегнат или бранителите по закон немаат право да дадат предлог за укинување на мерка притвор туку даваат иницијатива, па ако сака јавниот обвинител да се произнесе ќе се произнесе, ако не исто како да не е поднесен.“

Сите бранители поддржаа предлог да се замени затворскиот притвор со домашен, затоа што сите се сериозни луѓе кои досега не се осудувани.
Првообвинет во случајот е судијата Илија Танев е за дело земање поткуп, додека пак второобвинет е Сабедин Хофман – Џими дека му понудил пари на судијата.

Третообвинет во случајов е истражниот судија Валентин Зафиров кој што во Судот негираше дека тој го открил идентитетот на наводниот сведок од случајот Ореше, затоа што тој бил одговорниот кој што го предложил статусот загрозен сведок. Тој на третото рочиште побара да го дополни исказот и изјави дека не извршил притисок за осомничен да биде пуштен од притвор во Велес, туку само се информирал за случајот затоа што размислувал да отвори своја адвокатска канцеларија па да го застапува осомничениот.

Новинарот Кежаровски е четвртообвинет за два текста објавени пред пет години го открил идентитетот на наводно заштитениот сведок „Бреза“, во случајот за убиството од 2005-та година во велешкото село Ореше. Но, тој во текот на судскиот процес опстои на тврдењето од истрагата, дека не обелоденил ничиј идентитет, дека само ја пренел информацијата за лажен сведок до јавноста и дека се обидел да проговори за, како што рече во првото рочиште, „матните работи во полицијата“. Петообвинетиот Ивица Ефремов кој бил во својство на обвинител во случајот Ореше, тврди дека лично присуствувал на сослушувањето на сведокот и тврди дека наводниот загрозен сведок со име Бреза, сам инсистирал во записникот да биде заведено се што кажува и покрај предупредувањето за неговиот идентитет.

Во јавноста сè уште е нејасно дали сведокот воопшто имал статус на загрозен или заштитен сведок, затоа што самиот сведок пред судот признал дека под полициски притисок дал лажен исказ, по што обвинетите за убиството во третиот судски процес беа ослободени.

Јоанидис смета дека до средината на октомври може да се очекува завршница на судскиот процес. Обвинението за Кежаровски го привлече и вниманието на светската јавност. Меѓународни и македонски новинарски организации и ОБСЕ бараа ослободување на Кежаровски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG