Достапни линкови

Случај Кежаровски - Заштитен сведок или полициска местенка?


Архивска фотографија: Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски на 25 јули 2013 година.

Архивска фотографија: Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски на 25 јули 2013 година.

Сведоците кои ги предложи одбраната на третото рочиште ги негираа обвинувањата. Во моментов се разгледуваат материјалните докази, меѓу кои се и видео-снимките од следењето на обвинетите и транскриптите од нивните прислушкувани разговори. Овој дел од судскиот процес е затворен за јавноста.

Заврши испитувањето на сведоците во судскиот процес Ликвидација. Сведоците кои ги предложи одбраната на третото рочиште ги негираа обвинувањата. Во моментов се разгледуваат материјалните докази, меѓу кои се и видео-снимките од следењето на обвинетите и транскриптите од нивните прислушкувани разговори. Овој дел од судскиот процес е затворен за јавноста.
Кежаровски во текот на судскиот процес опстои на тврдењето од истрагата, дека не обелоденил ничиј идентитет, дека само ја пренел информацијата за лажен сведок до јавноста и дека се обидел да проговори за, како што рече во првото рочиште, „матните работи во полицијата“.

На обвинителната клупа се седнати новинарот Томислав Кежаровски, како и двајца судии, јавен обвинител и адвокат за кривични дела како примање поткуп, злоупотреба на службената положба и на овластувањата, неовластено одавање информации и податоци за сведоците, противзаконско посредување и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали. На сите заедничко им е случајот Ораше, каде што обвинетите по две осудителни пресуди во третиот наврат се ослободени.

Новинарот Кежаровски е обвинет дека во два текста објавени пред 5 години го открил идентитетот на наводно заштитениот сведок Бреза во случајот Ореше.
Кежаровски е обвинет дека во два текста објавени пред пет години го открил идентитетот на наводно заштитениот сведок „Бреза“, во случајот за убиството од 2005-та година во велешкото село Ореше. Но, тој во текот на судскиот процес опстои на тврдењето од истрагата, дека не обелоденил ничиј идентитет, дека само ја пренел информацијата за лажен сведок до јавноста и дека се обидел да проговори за, како што рече во првото рочиште, „матните работи во полицијата“. Во јавноста сè уште е нејасно дали сведокот воопшто имал статус на загрозен или заштитен сведок, затоа што самиот сведок пред судот признал дека под полициски притисок дал лажен исказ, по што обвинетите за убиството беа ослободени. Повеќето од обвинувањата се однесуваат, покрај на случајот Ореше, и на случајот „Франкфуртска мафија“.

Обвинетиот судија Илија Танев е обвинет дека земал поткуп, додека второобвинетиот Сабедин Хофман – Џими дека му понудил пари на судијата. И двајцата ги негираа обвиненијата. Третообвинет во случајов е истражниот судија Валентин Зафиров кој што во Судот негираше дека тој го открил идентитетот на наводниот сведок од случајот Ореше, затоа што тој бил одговорниот кој што го предложил статусот загрозен сведок. Петообвинетиот Ивица Ефремов кој бил во својство на обвинител во случајот Ореше, тврди дека лично присуствувал на сослушувањето на сведокот и тврди дека наводниот загрозен сведок со име Бреза, сам инсистирал во записникот да биде заведен и неговиот идентитет.

Новинарот Кежаровски е обвинет дека во два текста објавени пред 5 години го открил идентитетот на наводно заштитениот сведок Бреза во случајот Ореше. Но тој во судскиот процес опстои во тврдењето дека не обелоденил ничиј идентитет, дека само ја пренел информацијата за лажен сведок до јавноста и дека се обидел да преговори, како што рече во првото рочиште, за матните работи во полицијата.

Во јавноста сè уште не е јасно дали сведокот воопшто имал статус на заштитен или загрозен сведок, затоа што и самиот тој пред судот признал дека под полициски притисок дал лажен исказ, по што обвинетите за убиството во велешкото село Ореше беа ослободени.

Според дел од натписите во медиуми се очекува судењето да заврши најдоцна до 13 септември.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG