Достапни линкови

Србија - Хрватска во Белград без хрватски навивачи


На вечерашниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Хрватска во Белград, во рамките на квалификациите за наредното светско првенство, на хрватски навивачи нема да им биде дозволен влез на стадионот, соопшти началникот на белградската полиција. Исто така евентуалните хрватски навивачи ќе бидат враќани уште од хрватско – српската граница.
Фудбалските сојузи на Хрватска и на Србија биле договорени на натпреварот во Белград да не присуствуваат хрватски навивачи, како што и на натпреварот во Загреб, во март, не присуствуваа српски навивачи. Инаку, белградската полиција превзема засилени мерки за безбедност на и околу стадионот на Црвена Звезда, каде што ќе се игра вечерашниот натпревар.
XS
SM
MD
LG