Достапни линкови

Шефот на иранската дипломатија го осуди Холокаустот


Џавад Зариф

Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, на својот Фејсбук профил напишал дека го осудува масакрот врз евреите од страна на нацистите за време на Втората светска војна, како и масакрот врз палестинците од страна на, како што се вели, ционистите. Осудата на Холокаустот од страна на висок ирански функционер всушност е пресврт во однос на политиката на претходниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџат, кој негираше дека Холокаустот воопшто се случил. Иако повеќемина ирански официјални личности имаат профили на Фајсбук и Твитер, досега само министерот Зариф е лично активен на социјалните мрежи.
XS
SM
MD
LG