Достапни линкови

Нова акција на американско беспилотно летало во Пакистан


Пакистан денеска побара од Соединетите Држави да запрат со нападите со беспилотни летала на негова територија, отако во таков напад во изминатата ноќ биле убиени 7-мина милитанти. Американско беспилотно летало истрелало два проектила во реонот на северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Ваквите напади се повреда на пакистанскиот суверенитет и интегритет, се вели во реакцијата на министертвото за надворешни работи на Пакистан.
XS
SM
MD
LG