Достапни линкови

САД: Советот за безбедност заложник на Русија


Саманта Пауер

Саманта Пауер

Американскиот амбасадор во ОН Саманта Пауер ја обвини Русија дека го држи во заложништво Советот за безбедност во врска со кризата во Сирија. Таа изјави дека Москва постојано го користи правото на вето за да блокира акција на Советот против Сирија, од почнувањето на кризата пред две години. Пауер истакна дека не гледа причина да верува оти тој модел ќе биде променет.
Таа изрази сомневање околу последните изјави на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија не ја исклучува поддршката на воена акција против Сирија доколку биде докажано оти режимот на Башар ел Асад стои зад нападот со хемиско оружје од 21 август во близина на Дамаск.
Руската мисија во ОН одби да ја коментира изјавата на Пауер.
XS
SM
MD
LG