Достапни линкови

Европска турнеја на Џон Кери


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска заминува во европска турнеја, во чии рамки ќе има состаноци за кризите во Сирија и Египет и за напорите за постигнување мировен договор меѓу Палестинците и Израел.
Стејт департментот соопшти дека Кери утре во Вилнус ќе разговара со литванската влада за регионалната соработка и енергетски прашања. Литванија во моментов е земја претседавач во ЕУ. Блискоисточните прашања ќе бидат високо на агендата на состанокот на Кери со министрите за надворешни работи на ЕУ.
Потоа тој патува за Франција на средба со локални и претставници на Арапската лига.
Неговото патување завршува в понеделник во Лондон, каде што ќе разговара со британски официјални претставници и со претседателот на палестинските власти Махмуд Абас.
XS
SM
MD
LG