Достапни линкови

Беспилотно летало уби 7 милитанти во Пакистан


Американско беспилотно летало е осомничено дека убило најмалку седум милитанти во пакистанскиот регион Паштун на границата со Авганистан. Претставник на пакистанските безбедносни сили соопшти дека два проектила биле истрелани изутринава врз објект во селото Даргах Манди во северен Вазиристан. Тој истакна дека сите убиени биле бунтовници.
Областа каде што бил изведен нападот е познат како упориште на мрежата Хакани, која постојано ги напаѓа американските сили во Авганистан од нивните планински засолништа во Пакистан.
XS
SM
MD
LG