Достапни линкови

Хрватскиот претседател Јосиповиќ во посета на Косово


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој престојува во прва официјална посета на Косово, денеска ќе се сретне со косовскиот претседател Атифете Јахјага, со премиерот Хашим Тачи и со претседателот на парламентот Јакуп Красниќи. Предвидено е Јосиповиќ да има средба и со претставници на хрватската заедница во Јањево.
Хрватскиот претседател утре ја завршува посетата на Косово со средба со хрватските војници од составот на КФОР и со посета на Дечани.
XS
SM
MD
LG