Достапни линкови

logo-print

Нов командант на КФОР


Италијанскиот генерал Салваторе Фарина од денеска ја презема командата на мировните сили на Косово – КФОР, од германскиот генерал Фолкер Халбауер. Примопредавањето ќе биде извршено во командата на КФОР во Приштина. Германскиот генерал Халбауер завчера заедно со Фарина беше во проштална посета кај претседателката на Косово Атифете Јахјага.
КФОР сега има 4.985 војници меѓу кои 810 од Германија, 750 од САД и 504 од Италија.
Италијанскиот генерал Фарина е роден во 1957 година, и досега бил надлежен за планирање и насочување на италијански војници во мировни сили на Балканот, Источен Тимор и Конго.
XS
SM
MD
LG