Достапни линкови

Втор пораз на кошаркарите на ЕП


Македонската кошаркарската репрезентација загуби од репрезентацијата на Литванија со резултат 75:67. Ова е втор пораз за Македонија на Европското првенство во Словенија.

Најефикасен во составот на македонската репрезентација беше Владо Илиевски со 13 поени, капитенот Перо Антиќ даде 12 кошеви, додека Лестер Бо Мекејлеб 11.

Србија и Летонија го делат првото место во групата со две победи, Црна Гора и Литванија имаат по една победа и еден пораз, а Босна и Македонија се без победа.
XS
SM
MD
LG