Достапни линкови

САД на Република Македонија и го честитаа 8 септември


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама и во име на САД, на Македонија и го честита Денот на Независноста 8 ми септември. Во соопштението испратено од Стејт Департменот се наведува:

„Република Македонија направи значителен прогрес од остварувањето на независноста. Ние се надеваме на продолжување на партнерството со вас како што градите демократска и просперитетна нација“.

Секретарот Кери во пораката до Македонија наведува дека има уште работа, но дека е убеден во посветеноста на народот. Тој изрази уверување дека Македонија како конструктивен сосед и партнер може многу да придонесе на Западен Балкан и во рамките на Евро – Атланската заедница.
САД се надеваат на зголемена и збогатена соработка межу двете земји во годините што доаѓаат, се наведува во честитката по повод 8 ми септември на американскиот државен секретар Џон Кери.
XS
SM
MD
LG