Достапни линкови

Иран - нуклеарните преговори под капа на владата


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Министерството за надворешни работи треба да ги води разговорите за нуклеарната програма со светските сили. Соопштението беше објавено денеска на веб-страницата на претседателот. Други детали нема.
Разговорите претходно беа водени од страна на шефот на моќниот Врховен Национален совет за безбедност , а не од владата. Техеран за спорната нуклеарна програма разговара со петте постојани членки на Обединетите нации на Советот за безбедност - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД - плус Германија. Западот се сомнева дека Иран се обидува да произведе нуклеарна бомба. Иран го негира тоа тврдење.
XS
SM
MD
LG