Достапни линкови

Средба Велјановски - Јосиповиќ


Македонија и Хрватска немаат отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминатиот период се во постојан подем. Ова го констатирале на денешната средба во Скопје претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски и хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.
Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, на средбата истакнал дека со приемот на Хрватска, Република Македонија доби уште еден пријател во европското семејство.
Јосиповиќ истакнал дека како и досега, така и во иднина, Хрватска во целост ќе ги поддржува евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и во пренесување конкретно искуство во политичката и во техничката сфера за побрзо интегрирање во Европската унија.
XS
SM
MD
LG