Достапни линкови

logo-print

Ќе има ли договор за деловникот и за буџетот?


Собраниска координација за препораките на комисијата за 24 декември.

Собраниска координација за препораките на комисијата за 24 декември.

Расправата за измените во Деловникот на Собранието и ревидирањето на процедурата за донесување на буџетот се приоритети на парламентарната работна група, која работи на имплементација на препораките од Извештајот за 24 декември.

Работната група за имплементација на препораките од Извештајот за 24 декември ја одржува втората средба на која приоритет ќе и бидат измените на собранискиот деловник. Првата нивна средба беше посветена на техничките работи. Скратената постапка на носење на закони и ограничувањето на комисиските расправи за одредени закони се промените на деловникот на кои ќе инсистира опозицијата. Овие промени ги изгласа владејачкото мнозинство во февруари годинава, кога опозициските партии го бојкотираа Парламентот. Мерката ограничување на дискусиите важи само за неколку комисии, пример за Комисијата за финансирање и буџет, но не и за Комисијата за труд и социјална политика на која се расправа за законот за бранители.
Ревизија на деловникот, на законот за Собрание и нова постапка за носење на буџетот, многу подобра од оваа за да не може власта да го спречи или елиминира учеството на опозицијата или граѓаните коишто гласале за нас, во начинот на којшто се трошат и се контролира трошењето на народните пари.

Од опозицијата по првата работна средба рекоа дека колку се важни препораките од Извештајот, толку е важна и нивната имплементација. Игор Ивановски од СДСМ , член на работната група, вели дека Комисијата ќе работи на сите препораки, но дека ќе имаат приоритет.
Собрание.

Собрание.


„Ревизија на деловникот, на законот за Собрание и нова постапка за носење на буџетот, многу подобра од оваа за да не може власта да го спречи или елиминира учеството на опозицијата или граѓаните коишто гласале за нас, во начинот на којшто се трошат и се контролира трошењето на народните пари“, вели Игор Ивановски од СДСМ.

По Деловникот втор приоритет е Законот за буџет, оти според Извештајот следниот буџет треба да се носи по нов закон, според кој буџетската расправа треба да започне најдоцна три месеци пред крајот на годината. Неофицијално, власта инсистира прво да се расправа за буџетот,оти сакаат на
Значи не можеме да го одвоиме Деловникот како Деловник бидејќи за измени во деловникот можете да најдете измени во различни глави од препораките, доколку се чекаме наеднаш ќе треба да помине долго време.
седницата закажана за на 23 септември да се пушти предлогот за носење на Буџет.

По првата средба претседателот на работната група и член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека на вториот состанок треба да одлучат како ќе работата на измените на Деловникот, дали тоа ќе биде во пакет или пак ќе се оди чекор по чекор.

„Значи не можеме да го одвоиме Деловникот како Деловник бидејќи за измени во деловникот можете да најдете измени во различни глави од препораките, доколку се чекаме наеднаш ќе треба да помине долго време.“
Потпишување на извештајот за настаните од 24 декември.

Потпишување на извештајот за настаните од 24 декември.


Според Димовски за некои препораки ќе треба доста време и доста компаративни искуства.
Од ДУИ очекуваат Комисијата да работи во добра атмосфера зошто , тоа го очекува домашната и меѓународната јавност.
Овие препораки ниту сами по себе не претставуваат некоја битна промена, а нивното усвојување сметам дека ќе биде искористено за правење уште еден вид на шоу, божемна расправа меѓу пратениците и дефокусирање на вниманието на граѓаните од навистина значајните удари на демократијата и владеењето на правото.

Но, колку овие препораки ќе го вратат угледот на Собранието и вистинската парламентарна демократија. Професор Мирјана Најчевска вели дека самите препораки се многу проблематични.

„Да речеме оној дел во кој се предвидува формирање на тампон зона околу Собранието со цел заштина на пратениците од влијанието на граѓаните и слично, всушност претставува насочување или продолжување на таа насока на дедемократизација.“

Најчевска вели дека препораките кои се однесуваат на промените на Деловникот, со цел соодветно функционирање на Собранието, не ја задираат суштината, односно подведеноста на Собранието под извршната власт.

„Овие препораки ниту сами по себе не претставуваат некоја битна промена, а нивното усвојување сметам дека ќе биде искористено за правење уште еден вид на шоу, божемна расправа меѓу пратениците и дефокусирање на вниманието на граѓаните од навистина значајните удари на демократијата и владеењето на правото, зададени во последните десет години.“

За работата на Комисијата не постојат крајни рокови, но членовите на работната група се надеваат дека до почетокот на октомври ќе завршат дел од 11-те препораки, во пресрет на есенскиот извештај на ЕК за Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG