Достапни линкови

logo-print

Кина: 14 години затвор за корупција и смеење


Јанг Дасаи, функционер во кинеската провинција Шанси денеска е осуден на 14 години затвор за корупција и за потсмевање на жртвите во една сообраќајна несреќа. Јанг беше обвинет откако во кинеските медиуми лани беше објaвена фотографија на која тој со смеење гледа во еден хаварисан автобус по несреќата во која загинаа 36 луѓе. Тоа, како и скапоцениот часовник на неговата рака предизвика бес кај кинеската јавност. Кинеската комунистичка партија отвори истрага по што тој признал дека земал мито. Јанг наведе дека по несреќата се насмевнувал за да ги смирел загрижените спасувачи.
XS
SM
MD
LG