Достапни линкови

Лидерката на „Голос“ ја напушти Русија


Лилија Шибанова

Лилија Шибанова

Претседателската на „Голос“, независна организација за надгледување избори со седиште во Москва, Лилија Шибанова ја напуштила Русија откако Министерството за правда ги суспендира активностите на групата, бидејќи одби да се регистрира како „странски агент“. Се наведува дека таа во моментов се наоѓала во Литванија каде што ќе ги продолжела активностите на нејзината организација. Според руските закони, сите невладини групи кои добиваат странска финансиска поддршка и се ангажирани во политички активности мора да се се регистрираат како „странски агенти“.
XS
SM
MD
LG