Достапни линкови

Италијански генерал ја презема команда на КФОР


Италијанскиот генерал Салваторе Фарина од утре ја презема команда со мировните сили на Косово КФОР, од германскиот генерал Фолкер Халбауер. Германскиот генерал Халбауер вчера заедно со Фарина беше во проштална посета кај претседателката на Косово Атифете Јахјага. КФОР сега има 4.985 војници меѓу кои 810 од Германија, 750 од САД и 504 од Италија. Италијанскиот генерал Фарина досега бил надлежен за планирање и насочување на италијански војници во мировни сили на Балканот, Источен Тимор и Конго.
XS
SM
MD
LG