Достапни линкови

Македонија ја подобри конкурентноста


Македонија е на 73 место на листата за конкурентност во најновиот извештај на Светскиот економски форум, искачувајќи се за седум места од минатата година кога беше рангирана на 80-та позиција. Од земјите во регионот Бугарија е на 57 место, Словенија на 62., Црна Гора на 67., Хрватска на 75., БиХ на 87., Грција на 91., Албанија на 95. и Србија на 101-та позиција. Според извештајот, најконкурентна од 148. земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, Финска и Германија. Во Извештајот конкуретноста се дефинира како збир на институции, политики и фактори кои го одредуваат нивото на продуктивност на некоја земја, а ги содржи и резултатите на анкетата меѓу бизнис заедницата за ефикасноста на владата и транспарентноста.
XS
SM
MD
LG