Достапни линкови

ЕП во кошарка: Жалбата на Македонија одбиена


Техничкиот комитет на Европското првенство што се одржува во Словенија доцна синоќа ја одби жалбата на Македонската кошаркарска федерација за натпреварот против Црна Гора, со образложение дека, според правилата на ФИБА, снимка не може да се прегледува за да се промени конечен резултат на еден натпревар. Со тоа, судиската одлука е валидна и натпреварот се регистрира со победа на Црна Гора од 81:80. На вчерашниот дуел од првото коло во Б групата, според Македонската федерација, не беше признат кош за Македонија на самиот крај од натпреварот. Македонската репрезентација вечер игра против Литванија.
XS
SM
MD
LG