Достапни линкови

ММФ одобри финансиска помош за Пакистан


Пакистанскиот министер за финансии Ишак Дар разговара со регионалниот советник на ММФ, Џефри Френкс

Пакистанскиот министер за финансии Ишак Дар разговара со регионалниот советник на ММФ, Џефри Френкс

Меѓународниот монетарен фонд одобри заем од 6.7 милјарди долари за Пакистан дсо цел да и се помогне на земјата да ги продолжи економските реформи и да се спречи финансиската криза. Според првичните информации со заемот ќе се поддржат структурните промени во економијата со цел зголемување на инвестициите и растот. Одобрението од ММФ им овозможува ослободување на првата рата од 540 милиони долари. Предвидено е преостанатиот износ да биде рамномерно исплатен за повеќе од три години.
За да го обезбеди кредитот, Исламабад вети посветеност на реформите во економијата на земјата која е насочена кон намалување на дефицитот, намалување на недостигот на електрична енергија и на зголемување на слабата стапка на наплата на даноците.
XS
SM
MD
LG