Достапни линкови

Болт ќе се пензионира во 2016 година


Актуелнатиот светски и олимписки шампион Усаин Болт изјави дека планира да се пензионира по Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Ѕвездата на Јамајака во брзо трчање изјави дека сака да освои повеќе златни медали во Рио и да постави нов светски рекорд во 200 метри следната година. Болт рече дека мора да продолжи да доминира се до неговото пензионирање. Дваесет и седум годишниот Болт, ги освои првите места на 100, 200 и штафетната трка 4x100 метри на Олимписките игри во 2008 и 2012 година.
Тој исто така, има осум златни и два бронзени медали од Светските првенства, вклучувајќи и трите златни медали од победата во Москва минатиот месец.
XS
SM
MD
LG