Достапни линкови

Рохани им ја честита Новата година на Евреите


Преку порака на социјалната мрежа твитер, иранскиот претседател Хасан Рохани им посака на Евреите среќна еврејска нова година.
Рохани дојде на власт минатиот месец, заменувајќи го Махмуд Ахмадинеџад, кој беше познат по своите антисемитистички забелешки, откако се осврна на холокаустот како "мит". Претходно, тој ги повика конзервативните свештеници да го променат нивниот "ограничен" пристап кон општеството во светот кој стана меѓусебно поврзан преку сателитска телевизија и интернетот.
Рохани исто така објави дека подоцна во текот на овој месец ќе отпатува за Њујорк и ќе има обраќање на годишното Генералното собрание на Обединетите Нации.
Тој соопшти дека контроверзноста околу иранската нуклеарна програма ќе се реши брзо и оти Западот нема потреба да се грижи околу ова прашање.
XS
SM
MD
LG