Достапни линкови

logo-print

Попоски ќе се обрати на Бледскиот стратешки форум


Министерот Никола Попоски учествува на традиционалниот осми по ред Бледски стратешки форум. Како што соопштуваат од МНР, во рамки на главната конференција, Попоски ќе има свое обраќање во кое ќе се осврне на односите помеѓу Република Македонија и Европската унија, последниот напредок во однос на евроинтеграциите на земјите од регионот, како и перспективите за што поскоро отпочнување на пристапните преговори помеѓу Република Македонија и ЕУ.
Инаку форумот претставува платформа за стратешки дијалог на високо ниво помеѓу лидерите од приватниот и државниот сектор за релевантни прашања со кои се соочуваат Европа и светот во 21-от век.
На маргините на Форумот, министерот Попоски остварил работна средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец, а ќе има и други формални и неформални средби.
XS
SM
MD
LG