Достапни линкови

Турција распореди уште војници на границата со Сирија


Турската армија денеска распореди дополнителни сили на границата со Сирија. Дополнителен број на војници од јужниот округ Газиантеп се распоредени во храничниот округ Килис. Одлуката за испраќање на дополнителен број на војници на границата со Сирија е донесена по вчерашната експлозија на сириско-турската граница, при што загинаа шест луѓе. Ескплозијата се случија во реонот меѓу турскиот округ Хатај и територијата на Сирија. Анадолија јави дека ескплодирала муниција натоварена на возило, која била сокирена под старо железо.
Муницијата наводно бела шверцувана од Турција кон Сирија.
XS
SM
MD
LG