Достапни линкови

Ерменија меѓу Брисел и Москва


Путин и Саркасјан

Путин и Саркасјан

Администрацијата на ерменскиот претседател Серж Саркасјан изрази надеж дека сеуште може да биде склучен договорот за асоцијација со Европската Унија во оваа година. Саркасјан вчера соопшти дека Ерменија ќе и се приклучи на царинската унија меѓу Русија, Украина и Казахстан, што предизвика предупредување од ЕУ дека со тоа Ерменија си ги намалува шансите за договор за асоцијација со Брисел. Шефот на кабинетот на Саркасјан, за Радио Слободна Европа изјави дека Ерменија ќе се обиде да ги направи компатибилни и двата договора и оти сака да го продолжи и дијалогот со ЕУ.
XS
SM
MD
LG