Достапни линкови

И денеска протест во Вуковар против таблите на кирилица


Околу 500 лица се собраа денеска, трет ден по ред, на протести на плоштадот во Вуковар, поради поставувањето на табли на латиница и на кирилица на државните институции во градот..
Протестите започнаа во понеделникот кога дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои успеаја насилно да ги отстранат двојазичните табли. При судирите беа повредени четворица полицајци, а неколкумина демонстранти беа приведени.
За разлика од понеделничните, денешните протеси во Вуковар беа мирни и минаа без инциденти.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја отфрли секоја можност за одлагање на поставувањето на двојазичните табли во Вуковар и ја обвини опозициската Хрватска демократска заедница (ХДЗ) дека има огромна политичка одговорност за протестите и уништувањето на таблите во градот, иако тоа не го направила тоа директно.
- Можам да прифатам дека определен број на луѓе не се задоволни од таблите испишани на кирилица во Вуковар. Ако сме цивилизирана држава, која ги штити етничките малцинства и го почитува законот, тогаш треба и ќе го направиме тоа, истакна Милановиќ.
XS
SM
MD
LG