Достапни линкови

Разговорите за Црквата во Октиси ќе продолжат


Владиката Тимотеј, струшкиот муфтија, Салим Сулејмани и градоначалникот на Струга Зијадин Села денеска направија обид да изнајдат решение за тензиите во Октиси околу изградбата на црквата „Св. Димитрија“ во село Октиси.
„Се договоривме да продолжат разговорите во разубедување кај двете страни за да се смират страстите и да се почне со градба на параклисот „Св. Димитрија“ во селото Октиси. Сега си земавме обврска тие да работат кај своите, ние кај нашите и да најдеме решение“, изјави владиката Тимотеј.
И струшкиот муфтија Салим Сулејмани повика на смиреност, зашто како што рекол, соживотот не смее да се наруши само за еден ден. На 25 август муслиманите од селото Октиси се спротивставија на закажаното осветување на темелите на црквата. Во ова село, со над 4.000 жители, околу десет насто се православни Македонци, а мнозинството Македонци – муслимани.
XS
SM
MD
LG