Достапни линкови

Протести и контрапротести пред парламентот во Софија


Премиерот Пламен Орешарски.

Премиерот Пламен Орешарски.

Бугарскиот Парламент по летна пауза започна со работа, а истовремено пред зградата се собраа над илјада демонстранти кои бараат оставка на актуелната Влада на премиерот Пламен Орешарски.
Полицијата презеде зајакнати безбедносни мерки и испрати придружба за дипломатските возила со кои пратениците пристигнале до Парламентот. Насобраните антивладини демонстранти се организирале преку социјалните мрежи. Антивладиниот собир го подржа и лидерот на главната опозициска партија Граѓани за европски развој Бојко Борисов, кој им се обрати на присутните демонстранти и ги мотивира да продолжат со протестите.
Истовремено, од другата страна на зградата на Парламентот се собрале демонстранти кои ја поддржуваат Владата на Орешарски.
XS
SM
MD
LG